ЕХФ го откри планот за продолжение на ракометната сезона

1

Иако сеуште нема индикации за тоа кога ќе продолжат спортските натпревари, Европската ракометна федерација (ЕХФ) откри потенцијален план за продолжување на својата ракометна сезона.

Иако сето ова е во рамките на теоријата, ЕХФ предвидува дека натпреварите ќе продолжат на почетокот на јуни 2020 година.

„Има многу поважни работи на кои треба да се фокусираме сега. Сепак, постојат добри причини за развој на алтернативни сценарија и ние работиме на тоа“, рече претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, по видео-сесијата на извршниот одбор на ЕХФ.

Според тој план, ракометарите би мирувале и во април и мај, а првите натпревари би се играле во првата недела од јуни.

“Ние сме целосно свесни дека имплементацијата на ова сценарио зависи од развојот на ситуацијата со коронавирусот и поврзаните владини одлуки. ЕХФ ќе биде исклучително флексибилен и подготвен да се прилагоди доколку е потребно. Не сакаме да создадеме впечаток дека притискаме нешто пред здравјето”, додаде тој.

Доколку се исполни сценариото на ЕХФ, завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони ќе се одигра на 22-23 август во Келн, а не, како што беше планирано, во последните два дена од мај.

Финалето на женската Лига на шампиони ќе биде на 5 и 6 септември во Будимпешта, а не на 9 и 10 мај