Тројцата заразени велешани го запалија алармот кај општинарите

1
Ostinski krizen stab

Откако во Велес се регистрирани првите тројца заразени од коронавирус, општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница донесе следниве заклучоци:

–          Сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста да се врши дезинфекција на возилата при влезот во градот поради недоволен број на човечки и технички ресурси (да се изнајде начин и решение за реализација на оваа активност);

–           Денес се изврши обезбедување на просторијаво Велес за мобилната екипа на Центарот за јавно здравје за земање на брисови на лицата кои стапиле во контакт со лицата коишто веќе се потврдени носители на виусот;

–          Констатирана е и потврдена бројката од три лица заболени од корона вирусот на територија на Општина Велес;

–          Да се извести јавноста за новонастанатата ситуација со цел добивање реална слика и вистинска информација за граѓаните, при што останува апелот задолжитено да се почитуваат препораките од Министерството за здравство за новонастанатата состојба во град Велес;

–          Јавноста да биде известена преку официјалната интернет страница на Општина Велес, официјалниот facebook профил на општината, како и преку локалните медиуми, при што ќе биде нагласено дека контактирани се сите лица кои биле во контакт со заболените и од истите се земени медицински маркери кои се навремено испратени на испитување до Министерството за здравство;

–          Сите граѓани кои се напуштени од своите работни места, а припаѓаат во групата на социјално загрозени семејства може да достават барање за доделување на еднократна парична помош во архивата на Општина Велес;

–          Општина Велес ќе отвори специјална наменска сметка за сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одогворни компании и други, каде можат да донираат финансиски средства, а истите ќе бидат немаменети за обезбедување на храна и други неопходни продукти на семејства или поединци коишто ја изгубиле својата работа поради новонастанатата (вонредна) состојба. Воедно, заинтересираните физички или правни лица, можат исто така да донираат и неготвена храна (конзервирана, пакована, со подолг рок на траење), наменета за горенаведената категорија на граѓани. Пункт за собирање на оваа намена се одредува ОУД „Лазар Лазаревски”, Велес. Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

–          Во зависност од добивањето на резултатите за новонастанатата состојба преку Министерството за здравство, Општина Велес ќе побара од Владата на РСМ мерка со која ќе се затворат сите влезови во град Велес;

–          Касарната „Алексо Демниевски Бауман” понудува простор којшто е уреден и може да се искористи како простор за самоизолација, а Општина Велес да пристапи кон санација на санитарниот чвор;

–          Општина Велес ја разгледува можноста за обезбедување финансиски средства за набавка на заштитна опрема на здравственитеработници во ЈЗУ Општа болница Велес, Центарот за јавно здравје и ЈЗУ Здравен дом;

–          Се препорачува на претставниците на Советите на заедниците (колективни станбени згради) да изнајдат начин да извршат дезинфекција на заедничките простории во своите објекти;

–          Да се ослободат вработените во училиштата кои ротираат од работните места. Директорите на училиштата се задолжуваат на училишните интернет страниции на видно место во училишната зграда да објават податоци за отворен контакт телефон и лице и соодветна електронска пошта каде родителите ќе можат да добијат потребни информации за идавање на потврди или спроведување на учење од далечина (он-ланј настава). На Седницата присустуваа  членовите на Општинскиот штаб, претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, Центар за јавно здравје, Општинската организација на Црвен Крст, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, Центарот за социјални работи, претседателот на Советот на Општина Велес, претставници на трудовата инспекција и вработените од општинската адмнинистрација, кои ги разгледаа преземените мерки од предходно одржаните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, како и насоките за воведување нови мерки и активности во врска со спречувањето и ширењето на COVID-19 (Корона вирус) во Општина Велес.