понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Еве зошто не треба да трупате лекови дома!

Не купувајте лекови непотребно и не правете залихи дома, лекови има доволно, апелираше утрово министерот за здравство Венко Филипче.

„Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба. Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување. Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства. Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ“, напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Филипче вчера откри дека лекарите во земјава почнале со новата терапија со за Ковид-19 кај двајца пациенти. Оваа терапија, која е комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, исклучиво се дава по препорака на лекар, никако да не се зема на своја рака.

Денес започнавме со терапија за Ковид-19 кај двајца пациенти. Оваа терапија исклучиво се дава по препорака на лекар, никако да не се зема на своја рака.

Geplaatst door Венко Филипче op Woensdag 25 maart 2020
Mon Жан - Играчки