понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

5G пренесува коронавирус?

Covid-19, попознат како коронавирус, е респираторно заболување кое се шири секаде во светот и е прогласено за пандемија од Светската здравствена организација (СЗО). Но, ако поминете повеќе од пет минути на интернет, ќе најдете некој што вика дека 5G е вистинската причина за заболувања на луѓето. Едноставно кажано, овие тврдења се лажни.

Што е 5G и дали може да предизвика или пренесува вирус?

5G претставува петта генерација на безжична телекомуникациска технологија што паметните телефони и другите уреди ја користат за комуникација и поврзување на Интернет. Како и кај 4G LTE, 3G и сè пред тоа, безжичната мрежа се пренесува преку радио бранови, што не е штетен дел од електромагнетниот спектар.

Повеќето тврдења што ќе ги прочитате на интернет произлегуваат од фактот дека радио брановите се зрачења. Иако тој збор има тенденција да се смета за негативен, не сите зрачења се лоши. Бидејќи радиото е не-јонизирачко и не ги стимулира електроните, 5G не може да предизвика оштетување на ДНК, да предизвика карцином или да развие коронавирус. Секоја студија што тврди поинаку е докажана како лажна и неточна.

Колку треба да бидете загрижени за здравствените ризици од 5G?

Кои се теориите на заговор на 5G коронавирус? Како што споменавме, теориите на заговор околу 5G и другите нови технологии не се нови. За жал, луѓето не се сеќаваат дека истото го направија за Wi-Fi, 4G и други радио бранови, како што сега се околу 5G.

За повеќето теми и коментари на Фејсбук, пронајдени се информации преку Интернет, кои „докажуваат“ дека респираторната болест од која страдаат многумина (коронавирус) е предизвикана од 5G. Не би сакале да поставиме линк тука, за да не помогнеме со ширење на овие лажни тврдења.

Теориите кои вклучуваат мапи кои тврдат дека покажуваат повразаност помеѓу 5G мрежата и порастот на случаи на коронавирус најлесно се побиваат.

Во примерот на сликата подолу, АТ & Т, Веризон, Т-Мобиле и други решија да распоредат 5G во поголемите градови во Америка со големо население. Тоа им овозможува на операторите да допрат до колку што е можно повеќе клиенти/корисници пред да почнат да го прават истото во селата/предградијата каде населението е повеќе распространето.

Што друго заедничко имаат поголемите градови? Меѓународни аеродроми и поголемо население по квадратен километар. Веќе знаеме дека коронавирусот започна во Кина и се прошири заради патниците кои претходно беа заразени. Откако вирусот е во градот, многу е лесно да се пренесе на други лица додека тие се разминуваат во аеродромите.

Исто така ги имаме оние тврдење што беа споделени илјадници пати на Фејсбук и другите социјални медиуми.

Ајде да започнеме со тврдењето дека коронавирусот започна во Кина затоа што таму беше првиот оператор што изгради над 100.000 антени од 5G. Да, Кина има изградено над 100,000 антени од 5G. Дури и ако овој магичен број имал врска со ширењето на симптомите што ги чувствувале илјадници луѓе, засега нема доказ дека земјата е прва која достигна 100 илјади заразени лица и засега според последните информации таа земја најверојатно ќе биде Америка (околу 82 илјади во моментот на пишување на овој напис).

Второ, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс донираа пари за истражување на коронавирусот во надеж дека ќе пронајдат третмани и можеби вакцина. Не знаеме од каде некои лица ги добиваат своите информации дека Гејтс во развој на вакцина за вирусот таа ќе вклучува микрочипови, ова е мистерија за сите.

И за крај, тврдејќи дека илјадници луѓе кои веќе починале од коронавирусот се всушност актери, треба да биде сериозна повреда на моралниот код за секој што смета дека споделување ваков вид на лажни информации може да помине.

Што можете да направите за да помогнете во борбата против лажните вести

Ако видите слични теории на заговор, треба да ги пријавите на Фејсбук, Твитер, Инстаграм или какви било други платформи на кои ќе ги видите овие типови на пораки. Континуираното ширење на лажни и штетни информации може да доведе до тоа луѓето да не преземаат соодветни здравствени мерки на претпазливост, да не им веруваат на своите лекари доколку заболат од коронавирусот и многу повеќе.

Во време кога лажните вести се шират секојдневно преку Интернет, важно е да проверите од каде доаѓа таа информација (особено необични тврдења) што сте го прочитале на интернет.

5G не ве прави болни

Коронавирусот е вирус, тоа не се доведува во прашање. Лекарите и научниците ширум светот ја истражувале болеста уште од првото појавување на глобалната сцена и брзаат во потрага по третмани за да помогнат да се запре нејзиното ширење. Секое тврдење дека 5G предизвикува здравствени проблеми треба да се пријави бидејки е лажно и штетно само по себе.

Извор howtogeek

Mon Жан - Играчки