четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Во Шпанија за 24 часа починале 769 луѓе, британскиот премиер е позитивен за коронавирусот

Според податоците на интернет страната Worldometers, утрово, во светот има 549.127 случаи на заразени од коронавирус, 24.863 починале, а 128.620 се излечиле.

Corona Death

Од вчера, Кина не е повеќе земја со најголем број случаи. Првото место го зазеде Америка со 85.594, а денес кога ќе бидат објавени податоците од Италија, таа ќе ја надмине Кина по број на случаи бидејќи во моментот Кина има 81.340 случаи на инфекција додека Италија 80.589.

Што се однесува до смртните случаи, најголем број на жртви е во Италија, дури 8215 луѓе. Следува Шпанија со 4858 и Кина со 3292 смртни случаи на коронавирус. Најголема смртност има во Италија (662), Шпанија (655) и Франција (365) во последните 24 часа.

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот.
Џоонсон има благи симптоми на настинка,а на нацијата се обрати на Твитер.


“Имам треска и кашлица, и по совет на доктор, се тестирав и сум позитивен. Јас сум во самоизолација, работам од дома и во постојана комуникација со моите соработници на коронавирусот.” рече Џонсон во пораката на Твитер


Велика Британија ја премина границата со 100 смртни случаи на коронавирус за прв пат во еден ден.

Mon Жан - Играчки