Општина Велес: Не правете гужви пред маркетите!

2
KAM MARKET 665

Не правете метежи пред влезовите на маркетите и придржувајте се на препорачаното растојание од два метри еден од друг, како превенција од ширењето на коронавирусот, апелираат од општина Велес до граѓаните.

„Општина Велес упатува апел до граѓаните да не се собираат во поголеми групи пред влезовите на маркетите и да се придржуваат на препорачаното растојание од два метри еден од друг за да се превенира ширењето на Covid19 (коронавирусот)“, велат од општина Велес.

Досега во Велес се регистрирани тројца заболени од коронавирус. Тестирани се околу 60 луѓе кои биле во директен контакт со нив. Од нив, според резултатите кои пристигнаа вчера, 32-ца се негативни, меѓу кои и градоначалникот на Велес Аце Коцевски и неговото семејство.