(ВИДЕО) Денот кога светот застана!

2
paris

Светските метрополи изгледаат како градови на духови. Пандемијата со коронавирусот ги испразни булеварите, улиците, културните обележја, музеите, туристичките дестинации.

Речиси во целиот свет властите апелираа или законски го ограничија движењето на граѓаните, со цел да се намали опасноста од ширењето на коронавирусот.

На видеата подолу може да се забележи дека големите градови или пак туристичките дестинации каде што обично е речиси невозможно да се пробиете заради метежот, деновиве изгледаат како градови на апокалипсата.

Според последните податоци во светот, од коронавирус досега се заразени 649 904 лица, а починале 30.249 луѓе.