Фудбал во Италија ќе нема и во мај

1

Министерството за спорт на Италија ја исклучи можноста за продолжување на мечевите во Серија А за 3 мај.

„Фудбалот нема да продолжи повторно на 3 мај. Ќе предложам блокада на сите спортски натпреварувања за цел април, а таа мерка ќе ја проширам и во однос на тренинзите“, изјави Спадафора.

Серија А е во прекин од средината на март и се до стабилизирање на ситуацијата во Италија ,нема да се игра фудбал.