СЗО потврди: Covid-19 не се пренесува воздушно

3

ФАКТ: Коронавирусот НЕ се пренесува воздушно – потврди денес светската здравствена организација објавувајќи ја фотографијата подолу на сите свои официјални канали.

Коронавирусот главно се пренесува преку капки создадени кога заразено лице кашла, кива или зборува. Капките се премногу тешки за да може да останат во воздухот. Тие многу брзо паѓаат на подот или површини.

Можете да бидете инфицирани со вдишување на вирусот само ако некој што е веќе заразен се наоѓа во ваша близина (1 метро или поблиску) или со допирање на површина која е инфицирана а потоа допирајќи се на очите, носот или устата, пред да ги измиете рацете. За да се ​​заштитите придржувајте се до следниве мерки:

– оддалеченост на 1 метар од други лица

– често дезинфицирајте ги површините кои често ги допирате

– измијте / истријте ги убаво вашите раце

– избегнувајте допирање на вашите очи, нос и уста