(ВИДЕО) Нови заразени во Велес, почина 31 годишнен скопјанец од коронавирус

1
Filipce 29.03.2020 slika

Нови тројца велешани се позитивни на тестот за коронавирус, објави пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Засега, нема информација дали тие се поврзани со првите тројца заразени. Со новите тројца, во Велес има вкупно шестмина позитивни на КОВИД-19.

За прв пат вирусот се појави и во Струмица и Гевгелија, каде што има по еден заразен.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата…

Geplaatst door Венко Филипче op Zondag 29 maart 2020

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18.

Млад, 31-годишен скопјанец е најмладата жртва од коронавирус во Македонија. Тој починал утрово, како последица од компликациите, кои се случиле вчера, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

„Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови“, рече Филипче.

Покрај 31-годишното момче, во последното деноноќие регистриран е уште еден смртен случај, на 91-годишен маж.

Двајцата биле хоспитализирани на Клиниката за инфектологија и фебрилни состојби во Скопје. Постариот пациент осум дена се борел со болеста, а помладиот вчера бил поставен на респираторен систем.

Со тоа, бројката на починати се искачи на шест.

Денеска има 16 нови случаи на заразени, па сега вкупно во Македонија има 257 пациенти со коронавирус .

„На Клиниката за инфектологија во моментот имаме 49 пациенти, од кои седум се со потешка клиничка слика, но не се на респираторен систем. Сите останати и на клиниката и кои се на домашно лекување се во стабилна состојба. Денеска почина млад човек. Вирусот не штеди, треба да сме спремни дека ни претстои и поголема бројка на заболени и на жртви. Не треба да шириме паника, но мора да се однесуваме одговорно. Тоа важи за сите, само така ќе ја добиеме оваа војна“, рече Филипче.

Седум заболени пациенти веќе се негативни на тестовите. Во зависност од тоа како се одвива нивната состојба наскоро ќе бидат пуштени дома.

Филипче нагласи граѓаните да не ги стигматизираат болните, ниту луѓето во карантин. Тоа се здрави луѓе, сите се прегледани, здрави се, само чекаат да помине превентивниот период од 14 дена во карантин.