Пристигнаа резултатите од тестовите за коронавирус за велешаните кои се тестираа до минатиот петок

1
Infektivno Veles

Негативни се тестовите за коронавирус на оние велешани, на кои брисеви им беа земени до минатиот петок. Освен вчерашните тројца заразени, останатите немаат КОВИД-19, изјави за Батали.нет директорот на Центарот за јавно здравје Велес, Тони Димитриевски.

„Освен тројцата од вчера и првите тројца од минатата недела, кои беа позитивни, останатите тестови се негативни. Тоа се оние шеесет луѓе, кои беа тестирани заклучно со минатиот петок“, рече Димитриевски.

Сите тестови се правена за луѓе кои беа поврзани со првите тројца заболени, а најголемиот дел од нив се вработни во шумското стопанство Бабуна.

Во Велес досега има шест регистрирани граѓани, заразени со коронавирус. Од нив, двајца се на инфективната клиника во Скопје, откако се појавиле компликации. Според последните информации, нивната здравствена состојба е добра. Вчера уште еден пациент бил однесен за Скопје, но потоа и вратен на инфективното одделение на велешката болница, каде што се наоѓаат и останатите двајца. Еден од заразените е без симптоми и е во домашна самоизолација.