Банкротираше првиот фудбалски клуб поради коронавирус

1

Жилина е првиот фудбалски клуб кој што прогласи банкрот поради состојбата со коронавирусот. Клубот седумпати беше шампион на Словачка.

Во соопштение од клубот, објаснуваат за тешката состојба во која се наоѓаат и најавуваат дека сите играчи треба да започнат да бараат нов клуб бидејќи овој ќе биде ликвидиран.

Работата на клубот официјално ќе биде прекината на 30 април годинава, а играчите ќе можат да бараат нов клуб од тој датум, без оглед на постојните договори.

Банкротот доаѓа како резултат на неможност да се согласат со играчите за плаќања и намалувања на плаќања заради ефектите на пандемичниот коронавирус, а бидејќи клубот веќе некое време е во несигурна финансиска состојба, беше решено дека ликвидацијата е единствената опција.

Жилина беше на второ место во Словачката фортуна лига пред паузата поради избувнување на пандемијата на коронавирус, со 10 бода помалку од Слован од Братислава и седум повеќе од Дунавска стреда.