недела, 20 септември, 2020
Реклама

Ронтис произведе и донираше 500 визир-маски за велешките здравствени институции

Rontis3

Петстотини рачно изработени визир-маски за заштита од ширење на коронавирусот изработија вработените од велешката фирма Ронтис која произведува медицинска опрема.

Маските се донацијата од оваа фабрика, за медицинските работници во Велес.

На нив работеа 18 административни работници на Ронтис, предводени од директорката Бојана Димовска.

„Со големото искуство што тимот на Ронтис го има во масовно производство на медицински помагала, не беше тешко да пренамениме дел од своите линии за производство и од идеја до реализација во еден ден, за нешто помалку од 7 часа да произведеме и спакуваме 500 визири“, велат од Ронтис.

Визирите се произведени рачно, во чисти простории и поединечно спакувани во блистер пакување.

„Ронтис е општествено одговорна компанија, која се грижи за сите пациенти и здравствениот персонал и затоа првично овие визири ќе бидат донирани во ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом Велес, Центарот за јавно здравје Велес и ЈЗУ Специјализирана болница Јасеново. Дополнително ќе бидат изработени количини за сите матични лекари од Велес“, велат од фабриката.

Визир-маските денеска се предадени на Здравениот дом во Велес, од каде што ќе ги подигнат и останатите здравствени институции.

Mon Жан - Играчки