вторник, 22 септември, 2020
Реклама

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Од Велес за светот

Светот се соочува со една од најтешките кризи во модерното време. За неколку недели целата планета почна да дели ист проблем, битка со невидливиот противник, олицетворен во коронавирусот. Градовите низ целиот свет изгледаат исто, празни улици, булевари, туристички и културно-историски места. Нема човек на планетава кој не ја дели истата грижа – кога ќе заврши оваа пандемија.

Новонастанатата ситуација за многумина е депресивна, Но, таа не потсети и на многу работи, кои како да ги подзаборавивме, а тоа е да се свртиме еден кон друг, да ги видиме малите нешта кои се толку значајни, кои и тоа како можат да не направат среќни.

Тимот на Батали.нет, во соработка со Тулип продукција изработи видео кое, се надеваме, ќе ја врати надежта за поубаво утре.

Погледнете го видеото:

Mon Жан - Играчки