Во Чешка повеќе од 3000 се заразени со коронавирус

3

Над 3 000 луѓе се заразени со коронавирус во Чешка, а властите воведоа остри ограничувања на населението, како што е обврската за носење заштитни маски, рекоа дека се надеваат дека ќе ги олеснат мерките по велигденските празници.

Министерството за здравство на таа земја соопшти дека до вчера биле регистрирани 184 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се искачи на 3001 лица.

Досега од коронавирусот починале 24 лица, а 291 се хоспитализирани, вклучувајќи 64 на интензивна нега.

Чешката влада планира да тестира 10.000 луѓе на ден и да го засили мониторингот на заразените контакти за подобрување на мерките за изолација и карантин.

Исто така, владата ги прошири рестриктивните мерки и повеќето продавници и ресторани ќе бидат затворени до 11 април, а слободата на движење се стеснува на купување најважни работи и одење на работа.