Филипче: Пикот на епидемијата допрва доаѓа!

3
Venko Filipce

Бројот на заразени со коронавирус во земјава линеарно расте од ден во ден, што е охрабрувачки податок, смета министерот за здравство Венко Филипче. Според него ова била и целта, за да не се преоптовари здравствениот систем.

„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, рече министерот Филипче.

Досега во земјава се регистрирани 285 заразени, седум починати и девет оздравени лица од коронавирус.