петок, 25 септември, 2020
Реклама

Двојно повеќе починати и заразени од вчера

bolnica Bergamo

Двајца починати и речиси двојно повеќе заразени од коронавирус од вчера се регистрирани во последните 24 часа, објави министерството за здравство.

Почина 45-годишен маж од Куманово и 78 годишен дебарчанец.

„Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања“, велат од министерството за здравство.

Оттаму информираат дека во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови, во Куманово се регистрирани 23 нови случаи, во Скопје 11, во Тетово четири, во Битола три, во Струга два и во Прилеп еден.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.

Во новите 44 заразени нема ниту еден велешанец позитивен на вирусот.

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Жан Митрев“. До сега се направени вкупно 3 518 тестови на КОВИД-19, информираат од министерството за здравство.

Mon Жан - Играчки