101-годишна Холанѓанка го победила коронавирусот

1

Дека коронавирусот не е непобедлив покажува о веста која доаѓа од Холандија. Жителка на оваа земја на возраст од 101 година, која пред десетина дена заболела од коронавирус, ја победила болеста!

Бабичката, чиешто име не е објавено, била примена во болница во Ротердам со проблеми со дишењето. Тестовите покажале дека е позитивна на КОВИД-19 и ја задржале во инфективното одделение.

Иако многумина стравувале за нејзиниот живот, а дел од нив и ја „отпишале од живите“, таа ја победила болеста и потполно закрепнала.