Боре Видевски – човекот кој му пркоси и на снегот и на коронавирусот

5
Bore Videvski

Боре Видевски е еден од ретките велешани кои го искористија денешниот снежен ден за спортување. Освен на времето, овој 48 годишен каратист му пркоси и на коронавирусот, кој ги затвори дома најголемиот дел од луѓето.

Но, за Видевски, спортот, односно каратето значи живот, па тој не проушта ден, а да не тренира, одржувајќи го своето тело и дух во кондиција.

Така беше и денеска кога во градскиот парк, на снежна покривка, Видевски ја изработи „санчин“ катата, карактеристична за Окинава стилот на карате.

Инаку, Боре Видевски е сенсени 4-ти Дан Џин-Шихан во Уечи рју Окинава Карате До.

Погледнете дел од денешниот тренинг: