понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Мигранти во Грција, ставени во целосен карантин

Бегалскиот камп Рицона, кој се наоѓа во близина на грчкиот остров Евиа од денеска е во 14-дневен карантин, откако беше потврдено дека 20 лица се позитивни на коронавирусот.

Од Министерството за миграција и азил, соопштија дека по наредба на министерот Нотис Митракис, а во соработка со заменик министерот на цивилна заштита и претседателот на Националната здраствена организација, кампот за бегалци целосно е ставен во карантин.

„Одлуката е донесена по резултатите од вчерашната проверка на контактите на потврдениот случај на коронавирусот, кај жена која претстојува во кампот, а е хоспитализирана по породувањето во болница. При проверката на 63 лица, позитивни на коронавирусот се 20 лица. Никој од позитивните на Ковид 19 немал симптоми“, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција.

Во вторникот беше потврдено дека жена која е барател на азил, која претстојува во бегалскиот камп Рицона е заразена со Ковид 19, а е тестирана веднаш откако се породила во болницата во Атина.

Mon Жан - Играчки