(ВИДЕО) „Бев лом“ – исповед на претепаната девојка до Штип

1

Пред два месеци се случило бруталното претепување на девојката од Штип, откри таа за телевизија Клан.

Новинарот на оваа телевизија Фуркан Салиу ја најде оваа девојка и ја сними нејзината исповед. Таа раскажува за тоа што прживеала кога била нападната, но и за тоа дека не смеела никому да каже за нападот, оти и двајцата налислници и се заканиле дека ќе ја претепаат повторно. Во изјавата девојката споменува и имиња, а во еден момент вели: „Тоше знае каква бев, лом“.

Двајцата насилници вчера експресно беа приведени во полиција.

Новинарот на ТВ Клан успеа да го пронајде и таткото на еден од тепачите на девојката, кој рече дека и девојката била виновна за тоа што се случило.

Во меѓувреме, роднини на двајцата напаѓачи се обратиле до штипскиот адвокат Кристијан Мицевски, барајќи од него да ги брани на суд, но тој без размислување ги одбил, дури и по цена да ја изгуби лиценцата за работа.