КОРОНАВИРУС СОСТОЈБА: Министерството за здравство ги евидентираше двајцата новозаразени велешани (ВИДЕО)

1
Infektivno Veles

Двата нови случаи на заразени од коронавирус во Велес предмалку ги потврди и Министерството за здравство. Првиот е средношколецот, за кој објавивме вчера, а вториот е заразената полицајка, која работи во една скопска полициска станица.

Потврдени се и нови два смртни случаи од коронавирус. Починал еден пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој имал висок крвен притисок и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Во последното деноноќие во земјава се регистрирани 46 новозаразени од коронавирус. Од нив 13 се во Скопје, во Куманово 23, по двајца во Велес, Дебар, Тетово и Гевгелија и по еден во Прилеп и Гостивар.

Со новите заразени, вкупната бројка во Македонија сега изнесува 430 лица.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Погледнете ја целата прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче.