Насилниците од видеото што малтретираа девојка во Штип од денес се во притвор

1

Тепачите од Штип обвинението ќе го чекаат во затворот во Куманово. Судија на претходна постапка  го прифати барањето  на штипското обвинителство насилниците од видеото што вчера се појави на социјалните мрежи да одат во осум дневен притвор. Предогот е прифатен поради опасноста двајцата насилници од 23 и 26 години да го повторат делото. Тие се сомничат за насилство за што во Кривичниот Закон е предвидена казна до пет години. Осомничените во постапката ќе ги брани адвокат по службена должност.

“Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, стои во соопштението на обвинителството.

Во меѓувреме 21 годишната девојка доби подршка од Центарот за социјална работа и Мултисекторскиот тим за борба против насилство, што ги има во Штип и Струмица.  Од таму велат дека веќе разговараат со девојката, и нејзе и е потребна стручна помош за да се ублажат последиците