сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Велешанец со симптоми слични на коронавирус починал дома, откако не бил примен во болница

Bolnica Veles3

78-годишен велешанец пред три дена починал, откако бил на преглед на инфективното одделение во велешката болница и се жалел на симптоми слични на оние на коронавирус. Откако лекарката која го прегледала му кажала дека симптоми нема и дека нема да биде хоспитализиран, тој заминал дома и ноќта починал.

Неговото семејство тврди дека причина за смртта е лекарска негрижа. Потресена од загубата, неговата ќерка раскажаа што се случило.

„Татко ми неколку дена имаше температура, многу кашлаше, плукаше крв и беше омалаксан. На наше инсистирање, во вторникот му беше направен корона тест. Во меѓувреме му се влоши состојбата па со упат го однесовме на инфективното одделение во велешката болница. Едвај ја убедивме брзата помош да ни испрати возило. Лекарката од инфективно која го прими, почна дрско да ни се обраќа со зборовите: Зошто сте го донеле? Какви врски сте фаќале за да му направат тест? Не го прегледа, туку само не прашуваше нешто. Одлучи дека нема симптоми на коронавирус и не прати дома. Вечерта татко ми почина, откако не можел да дојде до воздух“, рече ќерката на починатиот.

Од велешката болница велат дека засега не можат ништо да кажат за случајот, се додека не стигнат резултатите од тестот за коронавирус, но тврдат дека според епидемиолошката анкета која ја направиле, утврдиле дека 78-гoдишниот велешанец не бил во контакт со заразени и немал симптоми кои укажуваат на вирусот, па затоа и не бил хоспитализиран.

Министерот за здравстов Венко Филипче вели дека знае за случајот и рече дека според информациите кои ги имал, овој случај наликувал на случајот со починатата пациентка од Охрид.

„Државниот санитарен здравствен инспекторат го испитува овој случај, за да видиме точно за што станува збор. Откако ќе добиеме информации, ќе ги споделиме со јавноста“, рече Филипче.

Од Центарот за јавно здравје во Велес велат дека резултатот од тестот на починатиот сеуште не е стигнат. Семејството е збунето. Телото на нивниот роднина три дена е во капела и никој не им кажува зошто не можат да го погребаат.

Погледнете го одговорот на министерот Филипче на прашање од Батали.нет околу овој случај, но и околу тоа како роднините на пациентите со коронавирус кои се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје, да дојдат до информации за здравствената состојба на нивните блиски?

Mon Жан - Играчки