Прекина производство на пиво Корона.

1

Corona beer

Групацијата Модело, која стои зад производството на популарно пиво, објави на Твитер дека привремено го прекинува производството на пиво чие име потсетува на коронавирусот .
Тие објаснија дека го стопираат производството и дистрибуцијата на пивото поради одлуката на мексиканската влада да ги затвори сите фабрики кои не се потребни во моментов. Групацијата истакна дека покрај Корона, и брендовите на пиво Модело и Пацифико исто така се прекинати со производство и дистрибуција.

Името на пивото со вирусот не ја наруши продажбата на пиво Корона. Компанија која продава и дистрибуира пиво произведено од Групацијата Модело, објави дека продажбата на нивните марки за пиво се зголемила за 8,9% во првите три месеци од оваа година, при што Модело и Корона се најпродаваните.