понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Бојаџиев: Вработените од велешката болница се целосно заштитени!

Bolnica Veles3

Сите одделенија и останатите служби на велешката болница се соодветно и целосно заштитени, тврди директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, Божидар Бојаџиев.

Тој ги отфрла како неосновани, како што вели, сите критики, невистини и тендензиозни лажни вести поврзани со личната и колективната заштита на вработените во болницата.

„Со цел непречено справување и борба со пандемијата на Корона вирусот, во моментов располагаме со доволна количина на лични заштитни средства за еднократна и повекекратна употреба (заштитни маски, ракавици, капи и каљачи, како и заштитни скафандери и очила), како и со доволна количина на дезинфекциони средства, коишто ги користиме строго според протоколите и препораките на Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Сите овие средства им се делат на вработените по претходно изготвен план, согласно потребите за лична заштита на секој вработен во соодветното одделение или служба“, тврди директорот Бојаџиев.

Тој апелира до граѓанитете да веруваат исклучиво на проверени извори на информации, коишто произлегуваат од релевантните институции на нашата земја.

„Ширењето на лажните вести ја поткопува довербата во институциите на системот, што неминовно води кон намалување на успешноста во справување со оваа пандемија“, рече директорот на велешката болница Божидар Бојаџиев, во своето обраќање на фејсбук.

Mon Жан - Играчки