Коронавирусот зеде уште еден млад живот

1

Првото лице од Кочани на кое што му беше дијагностициран вирусот починало, потврди градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

„Се работи за младо лице од 40 години. Тоа беше првиот случај кој беше инфициран и утрово пред 8 часот добив повик од неговото семејство дека лицето починало. Ова е тажна вест за семејството, но и за градот Кочани. Потврдено е дека имал тешкотии и минатата недела е пренесен во болница во Штип, па на Инфективната клиника во Скопје, каде состојбата му се влошила. Разговарав со него по телефон во четвртокот и ми се жалеше дека има тешкотии, дека од среда ноќта состојбата му се влошила, изјави за ТВ 24 во телефонски разговор градоначалникот Николчо Илиев.

Инаку, општинскиот кризен штаб на Кочани, вчера побара од владата да се воведат мерките како во Куманово, поради се поглем број на заболени во овој град.