Паѓаат цените на горивата во земјава

2
goriva

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од ноќеска на полноќ повторно да ги намали малопродажните цени на горивата.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари и ќе изнесуваат 48,00 денари по литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 50,00 денари по литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и ќе се продава по цена од 45,00 ден/литар.