Полицијата со полни раце работа во изминатиот викенд

3
Veles policiski cas

Полицијата викендот забележала 22 прекршувања на полицискиот час во Велес, Кавадарци и Неготино. Најмногу работа имале велешките полицајци и тоа за време на забраната за движење во саботата попладне и недела наутро, кога се регистрирани 10 прекршувања.

Претходната вечер четворица велешани не го почитувале полицискиот час, а иминатото деноноќие во Велес немало прекршувања.

Во Кавадарци викендов се приведени вкупно четворица, по двајца во првиот и третиот викенд полициски час.

Исто толку прекршувања имало и во Неготино. Таму во првиот викенд полициски час е приведено едно лице, а вчера тројца не ја почитувале забраната за движење.

Полицискиод час за време на викендите трае од 16 часот, до 5 часот следниот ден.