четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Манчестер Јунајтед со 120 милиони купува играч од Лацио

Најтрофејниот клуб во премиер лигата Манчестер Јунајтед, се обидува во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на Лацио, Серѓеј Милинковиќ – Савиќ, кој има договор со тимот на на Лацио до 2024.

Оваа вест ја пренесе францускиот сајт “FootMercato” каде што вели дека играчот од средниот ред на Лацијалите, треба да го замени Пол Погба, кој е пред излезна врата од тимот на црвените ѓаволи. Ова е втор обид црвените од Манчестер во своите редови да го доведат Србинот, откако пред речиси две години тимот од Рим, одби 110 милиони евра.

Савиќ годинава има постигнато 5 гола и има запишано 7 асистенции на 31 натпревар. Неговиот тим Лацио е на второто место во Серија А, кој има еден бод помалку од лидерот на табелата Јувентус.

Mon Жан - Играчки