ЈУ-КА донираше илјада заштитни маски за велешките здравствени работници

1

Донација на илјада заштитни маски за здравствените работници во Велес донираше велешката компанија ЈУ-КА, која произведува заштитна и работна облека.

Донацијата е веќе предадена на здравствените институции во градот. Од општината апелираат и до другите компании од градот да помогнат со свои донации.

„Општина Велес упатува апел до сите општествено одговорни компании да ги следат овие позитивни примери и да се приклучат кон акцијата за донација на заштитна медицинска опрема, храна, средства за дезинфекција и хигиенски средства за лична употреба, во доменот на своите можности“, велат од општина Велес.