Во оваа земја, забранија прослава на голови, но не ја прекинуваат лигата

1

БУРУНДИ е една од четирите држави, покрај Никарагва, Таџикистан и Белорусија каде сè уште се игра фудбал.

Фудбалската федерација на Бурунди и министерот за здравство донесоа неколку одлуки за да може лигата да продолжи.

Првата е забрана за славење на погодоците на екипите, втората е задолжително миење на рацете пред натпреварот, третата е избегнување разговори со судиите, а четвртиот е забрана за ракување со судии и ривалите.

Во првенството на Бурунди преостануваат уште три кола, а на чело на табелата е Месанџер Нгози кој има 4 бода предност пред Мусонгати . Инаку во оваа земја регистрирани се три случаи на Ковид 19.