Чекаат титула веќе 19 години, инвестираа милиони за да бидат шампиони, но залудно

1

Поради коронавирусот и спортот замре. Некои кошаркарски лиги решија да ги доделат шампионските титули на водечките тимови, но не и италијанската .

Италијанската кошаркарска федерација е една од оние кои решија да го прекинат првенството и да ја откажат целата сезона.

Ова најмногу влијаеше на Виртус Болоња, клуб кој инвестираше милиони оваа сезона за засилување. Тимот во кој играат Милош Теодосиќ, Кајл Вемс, Винсент Хантер,Џулијан Гембл, Стефан Марковиќ, предводени од Александар Ѓорѓевиќ од клупата, беше на првото место во време пред да се прекине првенството.

На 20 одиграни натпревари Виртус има 18 победи, две повеќе од второпласираниот Сасари и четири повеќе од Бреша и Олимпија.

Од Болоња велат дека тие се морални победници.

“Лекарите и медицинските сестри ја заслужуваат титулата шампиони. Сепак, чувствуваме дека сме најдобри во лигата, ние сме морални победници и ќе ја славиме титулата со навивачите кога е можно”, велат од клубот.

Виртус не бил шампион на Италија од 2001 година.