четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Заев и Мицкоски: Добри сме, немаме симптоми!

Откако денеска министерот за здравство Венко Филипче информираше дека лидерите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во домашна изолација, бидејќи имале интервју кај новинар, кој бил заразен со коронавирус, двајцата се јавија со свои пораки преку социјалните мрежи. Мицкоски вели дека тестот му е негативен, нодека ќе остане дома.

„Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место“, вели Христијан Мицкоски.

Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до…

Geplaatst door Hristijan Mickoski op Vrijdag 10 april 2020

Лидерот на СДСМ Зоран Заев сеуште ги чека резултатите од тестирањето, но вели дека се чувствува одлично.

„Во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, вели Зоран Заев.

Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е…

Geplaatst door Zoran Zaev op Vrijdag 10 april 2020

Mon Жан - Играчки