Педро, Жиру и Вилијан најавија заминување од Челси

2

Челзи би можел да остане без тројца клучни играчи чии договори завршуваат ова лето.

Еден од нив е Педро кој е веќе пет години во Челси, а ова е неговата најлоша сезона откако е во овој клуб. Под тренерската палка на Френк Лампард имаше скромни минути. Шпанскиот фудбалер веќе потврди дека заминува, а Рома најмногу се интересира за него, нудејќи му три милиони евра по сезона плус бонуси.

Бразилскиот репрезентативец Вилијан исто така е на излезна врата од Челзи, бидејќи клубот не се согласи да му понуди нов тригодишен договор. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ понуди дво сезонски договор. За Вилијан досега интерес покажаа Тотенхем и ПСЖ.

И Оливие Жиру е на заминување, иако Челзи се обидува да го задржи барем уште една сезона.