Пожар за време на полициски час во Скопје

2

Додека во Македонија трае полицискиот час, во скопската населба Гази Баба е запален летниковец. Пожарот го забележале градските инспектори кои правеле рутинска контрола со дрон. Овие фотографии беа објавени на фејсбук страната на град Скопје.

Од град Скопје информираат дека со брзата реакција на пожарникарите, огнот бил спречен да биде проширен и да зафати поголема површина каде би направи поголема штета.