сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Д-р Стровјановски: Нема докази дека вирусот сме го имале од јануари

Јавноста да не се вознемирува од веста дека починатата 78-годишна жена од Велес е позитивна на коронавирусот, вели пензионираниот уролог Димитар Стровјановски. Според него, ова не значи дека починатата била заразена, а уште помалку болна, бидејќи такви извештаи нема. Затоа, не треба да се носат заклучоци дека коронавирусот бил присутен кај нас уште пред официјално да биде објавен првиот случај во земјава, вели Сторвјановски.

„Апелирам да не се оди со вакви сензации и да не се вадат заклучоци од полу-вести. Потребни се повеќе елементи. Немаме никакво присуство на антитела кај починатата, тоа никој не го праша. Дали во згрудената крв е најдено присуство на антитела, кои ќе докажат дека жената ја прележала болеста“, рече д-р Стровјановски.

Тој вели дека тестовите за коронавирус не се стоотстотно точни, а како потврда на тоа наведе и неколку случаи кога два теста направени во краток период, дале спротивни резултати. Според него, телото на починатата жена можело да биде контаминирано со вирусот и после нејзината смрт.

„И во нашата околина имаме лилјаци, не ги знаеме сите прехрамбени продукти на некои социјални категории. Дишната цевка е сепак отворена и после смртта. Телото кое било во распад можело да биде контаминирано со вирусот и при негова манипулација, односно од луѓето кои со него манипулирале, оние кои влегле во станот дента кога е најдена или потоа при транспортот. Телата во распад, исто така, имаат и можат да имаат многу патогени бактерии, паразити и вируси дури и макроорганизми. Затоа, со оваа полу-вест може опасно да се манипулира и претставува навреда на разумот на стручната, но и на здраворазумската јавност“, рече д-р Стровјановски.

Тој вели дека, за да се донесе заклучок дека вирусот во земјава бил присутен многу порано, потребни се обемни истражувања. Наместо да се тврди дека зголемениот број на случаи со грип годинава се должат на коронавирусот, потребно е да се почитуваат мерките кои владата ги презема, апелира Стровјановски. Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека во дишното стебло на починатата 78-годишна жена бил откриен вирусот, додека кај нејзининиот син немало траги од коронавирус. Двете тела во фаза на распаѓање беа пронајдени во нивниот стан во Велес во понеделникот, а Алсат ТВ вчера објави дека обдукцијата потврдила дека биле мртви три месеци.

Pocinati majka i sin6

Сепак, денеска Министерството за здравство ја демантира оваа информација.

„Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела. Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната  недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи“, пишува во соопштението на министерството.

Оттаму велат дека по наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, Министерството ја проширува истрагата во која се вклучуваат повеќе институции.

„Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус. Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка“, стои во соопштението на министерството за здравство.

Mon Жан - Играчки