вторник, 22 септември, 2020
Реклама

12 април: Наместо изборен мегдан, целосен карантин

Точно во седум часот беа отворени сите гласачки места, гласањето се одвива без никакви проблеми, излезеноста до 10 часот е 5.6 %, граѓаните денес одлучуваат кој ќе ја превземе централната власт. Вака накратко требаше да бидат денешните информации на медиумите ширум земјава.

Никој не очекуваше дека наместо на гласачките места, граѓаните на овој 12 април, ќе седат затворени дома, без дозвола да излезат на улица, поради епидемијата на коронавирус. Политичките партии својот дуел ќе го остават за некое друго, помирно време, кога ќе заврши епидемијата со вирусот, но кога точно тоа ќе се случи, никој не може да тврди со сигурност. Партиите се оптимисти дека дека битката за освојување на централната власт, можат да ја имаат кој крајот на јуни или почетокот на јули.

Претседателот Стево Пендаровски на 17 март во неговиот кабинет ги свика лидерите на политичките партии, каде што единствена точка на дневниот ред беше одложување на прламентарните избори. Сите лидери ја прифатија иницијативата и изборите беа одложени.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата била во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.

Mon Жан - Играчки