„Ројтерс“: Од денеска САД имаат најголем број починати од ковид-19 во светот

1
SAD koronavirus

Соединетите Американски Држави од денеска се земја која има најмногу починати лица од ковид-19 во светот, јавува агенцијата „Ројтерс“. Вкупниот број на смртни случај од вирусот ја надмина границата од 20.000.

На второто место во светот е Италија со 19.468 жртви, па следуваат Шпанија со 16.480 починати лица и Франција со 13.832.

Во последните четири дена во САД се регистрирани најмногу смртни случаи. Во целата држава дневно се евидентираат по околу 2.000 починати лица од коронавирусот, а најмногу има во градот и државата Њујорк.

САД во моментов водат и по бројот на заболени лица со 533.088 случаи, во Шпанија има 163.027, во Италија 150.271, додека во Франција – 129.654 лица позитивни на ковид-19.