Бојко Борисов: Возат скапи автомобили, а сакаат да отпуштаат работници (ВИДЕО)

3

Кога газдите на фирмите можат да возат скапи автомобили, тогаш можат да издржат кризата и да ги задржат своите вработени, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов.

“До денес во сиромашна Бугарија има три Бугати како на Кристијано Роналдо, дури 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, 280 Хамери, 400 Јагуари, и скоро 5000 Поршеа. Најверојатно сме први во Европа со вакви возила”, порача премиерот на Бугарија, Бојко Борисов

Борисов го покажа списокот за кој вели дека е со цел да ги заштити работниците во оваа криза, а следува по средбата со организациите на работодавачи, на која побарале помош од државата поради кризата од коронавирусот.

“Ако секој работодавач продаде по едно од своите скапи возила, ке обезбеди плата за своите вработени, а не цело време да се бара помош од државата”, порача Бојко Борисов

Погледнето го целото видео објавено на неговата фан страна