Двајца новозаразени од Велес, вкупно 54 во целата држава но и 42 оздравени

1

Денеска имаме нови 42 лица оздравени од коронавирусот, се надевам дека овој број ќе продолжи брзо да расте. Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови објави министерот Венко Филипче на социјалните мрежи.

По градови од новите 54 случаи на Ковид-19:
– Скопје -13
– Куманово -25
– Штип – 1
– Прилеп – 10
– Тетово – 1
– Велес – 2
– Гостивар – 1
– Кичево – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.

За жал, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден пациент од Куманово (59г). Во Болницата „8 септември“ починаа две лица, и како што претходно известивме, еден пациент од Велес (67г).

Неофицијално, дознаваме дека еден од заразените е вработен во МВР Велес. Повеќе детали ќе следат во текот на денот веднаш штом добиеме потврда од министерството.