понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Болничар од инфективното одделение во Штип заразен со коронавирус

Болничар од инфективното одделение е првиот заразен со корона вирус во штипската Клиничка болница. Тој заедно со осум медицински сестри, две лекарки и уште тројца болничари од минатата недела е во превентивна изолација. Сите имаа контакт со 80 годишната жена што пред три дена почина од корона вирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Corona-death-1

Според информациите од директорот на штипската Клиничка болница негативен е тестот на еден лекар инфектолог, а на останите резултати се уште се чека. Додека да заврши постапката на инфективно работат сестри од други одделенија, а на единствениот инфектолог му помага колега од Струмица. До попладнево не беа готови и тестовите на 16 здравствени работници од детското одделение во Кочани каде се лекуваше четиримесечното бебе за кое вчера се потврди дека има корона вирус.

„ Досега немаме добиено информација за тестирањата на медицинските работници од детското одделение. Денес за среќа немаме нов случај, но можам да кажам дека чекаме резултати од вкупно 44 тестови на корона вирусот“, вели Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Денес на Инфективното одделение во Штип денес е хоспитализирано семејство од Кочани. Директорот на Клиничката болница од Штип вели дека се работи за брачна двојка и нивните два полнолетни сина. Со нив на инфективното одделение сега се лекуваат осуммина пациенти. Инаку во источниот регион од државата досега се регистрирани 40 потврдени случаи на корона вирус.

Mon Жан - Играчки