Две нови лица заразени со Ковид-19 во Велес

1

Центарот за јавно здравје – Велес извести дека во изминатите 24 часа се регистрирани 2 нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.

Се работи за маж на 62 годишна возраст кој е веќе хоспитализиран во инфективното одделение при општата болница во Велес, и жена на 53 години потврдена од лабораторијата во Авицена.

Infektivno Veles

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 36 лица.

Повеќе информации следуваат во текот на денот.