петок, 25 септември, 2020
Реклама

Едно од двете мртви тела пронајдени во стан позитивно на вирусот

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот Ковид 19.

Катерина Маноилова починала како резултат на вирусот, додека нејзиниот син Ванчо, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.

Соседите од зградата во која живееше семејството Маноилови го пријавиле случајот како резултат на лошата мирисба од станот. Според нив, двајцата членови на семејството последен пат биле забележани после новогодишните празници.

„Последниот контакт со нив ми беше после нова година, кога плаќаа за одржување на зградата, но не отворија, само викнаа преку вратата. Последните денови почна да се јавува миризба. Пријавивме во полиција и тие дојдоа. Можно е да се мртви повеќе од еден месец“, рече Димче Зврцинов кој е претседател на куќниот совет на зградата.

Pocinati majka i sin6

Од Основното обвинителство од Велес велат дека обдукцијата на жртвите завршила и оти  сега се чека токсиколошката анализа. Соседите велат дека институциите не спровеле епидемиолошки анкети со жителите на зградата.

Случајот предизвикува сомнежи дали можеби вирусот Ковид19 е активен уште од декември, за што се дискутираше и на тогашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Mon Жан - Играчки