Софија најави масовно тестирање на граѓаните за Ковид 19

1

Во соседна Бугарија се потврдени 735 случаи на заразени со коронавирус, соопшти националнато координативно тело
на редовната утринска конференција за новинари. Само во последните 24 часа се регистрирани 40 нови случаи, од кои
14 од нив се во болница.

Досега се регистрирани 105 лица кои се излечени, а 36 се починати. Жариштето на заразата е во Јамбол на југот од земјата.

Инаку министерот за здравство Кирил Ананиев најави масовно тестирање на бугарските граѓани за коронавирус со цел да се спречи заразата.