петок, 25 септември, 2020
Реклама

66 нови случаи на Ковид 19 во Македонија

Во изминатите 24 часа се потврдени  66 нови случаи на Ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство.

По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип-31, Прилеп –89, Тетово – 43, Струга – 47, Велес – 36, Битола –9, Охрид –9, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2, Кичево – 1, Неготино -2.

Од Министерството информираат дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.

Mon Жан - Играчки