Тројца велешани фатени во полициски час

1
20200409

Полицијата фати тројца велешани кои вчера, во периодот помеѓу 16 часот и 5 часот утрово без дозвола се движеле во полициски час. Во Неготино и Кавадарци во изминатото деноноќие немаше прекршувања на забраната за движење поради епидемијата на коронавирус.

Од СВР Велес информираат дека во Велес во самоизолација се наоѓаат 41 лице, во Неготино 11, а во Кавадарци 31 граѓанин.

Центарот за социјални работи од Кавадарци пријавил во полиција дека од мал групен дом во кои се сместени граѓани од ранливи категории побегнало десетготишно момче, кој и порано се оддалечувал од домот, но бил враќан назад. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.