петок, 25 септември, 2020
Реклама

Војската ќе прави ред пред банките и маркетите во Велес

Guzva pred NLB5

Припадниците на армијата ќе излезат од касарната и ќе се стационираат пред велешките банки и маркети за да спречат метеж и групирање на граѓани. Оваа мерка ќе почне да се применува од вторник, по завршувањето на празничникот полициски час, најави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

„Имајќи ги предвид искуствата од минатиот викенд, се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата кои после завршувањето на полицискиот час ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите. Сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативн план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР Велес, АРМ, Територијалната противпожарна единица Велес и на ЈКП Дервен, со цел заштита на здравјето на жителите на Општина Велес“, рече градоначалникот Коцевски.

Mon Жан - Играчки