петок, 25 септември, 2020
Реклама

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски инфициран со коронавирус

Maksim Dimitrievski

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на тестот за коронавирус. Ова тој пред малку го соопшти на својот фејсбук профил. Покрај него, позитивни се уште 39 кумановчани чии резултати од тестовите ќе се објават во денешниот извештај.

„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца. Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите“, напиша градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Почитувани сограѓани, драги пријатели,- Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно…

Geplaatst door Maksim Dimitrievski op Donderdag 16 april 2020
Mon Жан - Играчки