Четворица новозаразени во Велес

1
Veles 05.04.2020

Четворица велешани се меѓу новозаразените со коронавирус, објави Центарот за јавно здравје од Велес. Се работи за една жена на 65- годишна возраст и тројца мажи на 37, 40 и 57 години. Еден од потврдените пациенти е тестиран во лабораторијата во Авицена, а останатите тројцата во микробиолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 40 лица од кои 2 излечени, три смртни случаи и 35 активни.